Расел со прва пол-позиција и нов рекорд во Сингапур

Изненадувањето на денешните квалификации за Големата награда на Сингапур, беше освојувањето на пол-позицијата од страна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Тој воедно постави и нов рекорд на патеката, возејќи ја за 1 минута и 29.158 секунди.

Ова е седма пол-позиција за Британецот во неговата кариера, но прва на патеката под светлата во Сингапур. Дури и самиот Расел после квалификациите изјави дека е изненаден од освојувањето на првото место.

Сепак, Расел призна дека со Макс Верстапен зад него, победата е далеку од загарантирана на утрешната трка. Трет на утрешната трка ќе стартува Оскар Пијастри, лидерот на табелата за возачи. Зад него ќе стартува младиот возач на Мерцедес, Кими Антонели, а вториот возач на Мерцедес, Ландо Норис ќе биде на петтата позиција.

Инаку, двата болида на Вилијамс беа дисквалификувани од денешните квалификации, поради премостување на техничките спецификации.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО