Екипата на Арсенал сака да се раздели со голманот, Арон Рамсдејл, но за него ќе бара најмалку 50 милиони фунти, објави „Сан“.
Во истовреме и 26-годишниот чувар на мрежата сака да замине во нова средина бидејќи во минатата сезона го загуби првотимскиот статус. Се наведува дека за неговите услуги е заинтересиран Нотингем форест кој сака да го ангажира на заем. Рамсдејл во дресот на „топџите“ има одиграни 89 натпревари на кои прими 99 голови.