Рамос би можел да ја продолжи кариерата во Бока

Централниот дефанзивец Серхио Рамос би можел да ја продолжи кариерата во Бока Јуниорс, пренесува „ТиК Спортс“.

Според изворот, аргентинскиот клуб ќе се обиде да го ангажира 38-годишниот Шпанец во јануари. Претседателот на Бока Јуниорс, Хуан Рикелме лично ќе има телефонски разговор со Рамос.

Слични шпекулации имаше и на почетокот на ноември, а се чини дека работите сега можеби ќе бидат доведени до крај.

Рамос неодамна се врати накратко во неговиот матичен клуб Севиља, каде што 38-годишниот дефанзивец минатата сезона забележа 37 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и даде една асистенција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО