Македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер, дополнително се екипира за продолжението од сезоната. Клубот ангажираше нов кружен напаѓач (пикер), со што ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на почетокот од годината.
Нов член е хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац. 27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција за продолжување и за следната сезона. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. 201-сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена, бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.
Никола Граховац е хрватски репрезентативец, со настап на Европското првенство 2022 година и Олимписките игри 2024 година. Со јуниорската репрезентација на Хрватска стана европски вицешампион во 2016 година. Се работи за модерен прототип на пивотмен, кој ќе биде дополнителна вредност во периодот кој престои. Официјалното претставување ќе биде до крајот на неделата. мн/
Фото: МИА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: