Норвежанките по 10-ти пат се европски шампионки

Ракометарките на Норвешка ја одбранија титулата на Европскоот првенство (ЕП). Во реприза на финалето од 2022 година, Норвежанките ја победија Данска со 31:23 (13:12). Во мечот за бронзениот медал, Унгарија ја победи против Франција со 25:24 (13:12).

Според очекувањата, финалниот меч донесе експлозивен ракомет, исклучително брза игра, многу одлични одбрани, многу убави акции. и голови. Данска имаше предност во поголемиот дел во првото полувреме, највисока од два гола, но на полувремето Норвешка водеше со 13:12.

На почетокот на вториот дел Данска удри во норвешкиот одбранбен ѕид. Од друга страна, уследи серија лесни голови од транзиција за 16:12. Тука беше јасно дека Данска не може да им парира на Норвежанките.

Кога Норвешка стигна до 21:14, јасно беше дека ќе ја одбрани титулата. Норвежанките по јубилеен 10-ти пат станаа европски шампионки, претходно најдобри беа во 1998, 2004, 2006, 2008, 2010, 2014, 2016, 2020 и 2022 година.

Норвешка ја предводеше Ела Рајстад со осум гола. Шест постигна Емили Ходвен, а Камила Херем четири. За Данска, Мие Хојлунд и Ен Мете Хансен постигнаа по пет гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО