Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров се единствената светла македонска ракометна точка на клупски план сезонава.
„Лавиците“ денес на реванш дуелот од 1/8 финалето се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33-34, но со оглед победата од Скопје со 32-29 нашиот тим се радува на пласман во следната рунда.
Па така избраничките на Симе Симовски ќе играат 1/4 финале во ЕХФ Купот што е големо достигнување за нашиот женски ракомет по подолги години апстиненција.
Денес во таборот на Ѓорче Петров, Дамјаноска и Николовска беа најефикасни со по шест гола, а Јанкуловска и Коларовска дадоа по пет гола.