Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола домаќини на Висла Плоцк

Лигата на европските ракометни шампиони продолжува со натпревари од редовното коло во кое Еурофарм Пелистер утревечер го пречекува тимот на Висла Плоцк од Полска.

Битолчани во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се спротистават на повеќе интернационални ракометни ѕвезди освојувачи на високи одличја и медали, меѓу кои хрватскиот голман Мирко Алиловиќ, словенечките интернационалци Миха Зарабец и Митја Јанц, како и други познати ракометар од Франција, Шпанија, Унгарија…

– Пред нас е еден многу тежок натпревар, во специфичен момент за екипата. Имаме нов тренер, но се трудиме да бидеме максимално подготвени за предизвикот. Работиме на усовршување на деталите за кои сметаме дека можат да го одлучат натпреварот и се надеваме дека можеме да победиме пред нашите навивачи. Висла игра многу агресивно во одбраната, нивните халфови излегуваат многу високо, затоа ќе мораме да имаме брз проток на топката и солиден напад во простор без топка. Мора да имаме одлична дефанзива и да знаеме што сакаме во нападот, изјави во пресрет на натпреварот во Битола, ракометарот Дејан Манасков.

Европската ракометна федерација за судии на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк закажан за утревечер од 20:45 часот, ги делегира Томас Барисас и Повилас Петрусис од Литванија.

Фото: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО