Рајс до словачкиот селектор Калцона: „Замолкни пи*ко. Замолкни ќелава ку*во“!

Репрезентацијата на Англија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) откако во драматичен меч, во осминафиналето во Гелзенкирхен ја совлада Словачка со 2:1, по продолженијата. Тие во сабота, во Дизелдорф во четвртфиналето ќе играат против Швајцарија.

По мечот Англија – Словачка имаше мешаница на теренот. Играчот за врска на Англија, Деклан Рајс и словачкиот селектор, Франческо Калцона се конфронтираа, а тие што знаат да читаат од усни открија што точно се случило во моментите кога англиските играчи мораа да го оддалечат Рајс од Калцона, кој во еден момент го оттурна 25-годишниот играч

Според читачите од усни, Рајс му рекол на Калцона во вербалната пресметка: „Замолкни пи*ко. Замолкни ќелава ку*во“!

На тој меч Иван Шранц ја доведе Словачка во водство во 25. минута, но во финишот од мечот, во петтата минута од судиското надополнување, Џуд Белингем успеа израмни на 1:1 по што се играа продолженија. Во првата минута од продолжението Хари Кејн постигна гол за 2:1 и Англија и за пласман во четвртфиналето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО