Работнички и Тиквеш во борба за четвртфинале на кошаркарскиот куп

Со денешниот натпревар меѓу Работнички и Тиквеш што се игра во СРЦ „Кале“ продолжуваат осминафиналните пресметки во кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“. Во првото осминафинале во средата МКК Куманово го совлада Ангели со 95:65.

Во сабота (утре) се играат два дуела, од 15.часот во СРЦ „Кале“ ќе играат Маџари и Гостивар, а нешто подоцна, од 19.часот, во салата „Шабан Трстена“ за место во следниот круг од натпреварите ќе разигруваат екипите на Чаир 2030 и Феникс 2010.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

МКК Куманово – Ангели 95:65

Работнички – Тиквеш Голден Игл

Маџари – Гостивар

Чаир 2030 – Феникс 2010

Директен пласман според табелата во четвртфиналето имаат обезбедено: ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Кожув, додека четвртфиналист по триумфот над Ангели е и екипата на МКК Куманово.

Фото: МКФ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО