Италијанецот, Гвидо Фиенга има работа од соништата. Тој е извршен директор на фудбалскиот клуб Ал Наср од Саудиска Арабија, но речиси никогаш не доаѓа на работа, односно оди кога сака!
Фиенга (54) е на позицијата извршен директор од септември минатата година и добива „дебела“ плата од арапските милионери. Тој максимално ги користи сите привилегии што ги има како директор.
Иако секој месец огромна сума пари му „легнува“ на сметката, тој ретко се појавува во клубот и наместо тоа оди на одмор?
Во минативе два месеца во клубот бил само два дена!
– Извршниот директор на клубот Гвидо Фиенга отсуствува од работа и од клубот околу два месеца. Во просториите на клубот беше само два дена, потоа замина на одмор, за да се појави на натпреварот од Суперкупот. Истата ноќ ја напушти Саудиска Арабија. Со денови го нема никаде – пишуваат медиумите блиски до Ал Наср.
Неговото однесување се одрази врз целокупното работење, веруваат во клубот, обвинувајќи го за лошиот бизнис во текот на летото.
– Понудите кои доаѓаа за играчите, но и работите што клубот требаше да ги заврши пропаднаа бидејќи Гвидо никаде го немаше. Клубовите се откажуваа од бизнисот со Ал Наср, вели извор близок до тимот од Ријад.
Според локалните медиуми, во клубот владее хаос. Инвестицискиот фонд повеќе не дава зелено светло за големи трансфери, па претседателот на клубот Ибрахим Ал-Мухаидиб реши да се пензионира, а заедно со него и неколку членови на управниот одбор.
И покрај се, Фиенге никаде го нема. Тој и натаму ужива во одморот и не се грижи премногу за тоа што се случува во клубот што го води.
Слободно може да се каже дека Италијанецот во моментов е најголемиот паразит во светскиот фудбал. „Се капе“ во арапски пари, но не прави апсолутно ништо. Претходните 10 години работеше во Рома. Од 2019 година две години беше извршен директор на клубот.