Луѓето од Ливерпул размислуваат да се вклучат во трката за потписот на фудбалерот, Адриен Рабиот кој во текот на летово си замине од Јувентус.
Французинот неодамна изјави дека сака да се пресели во Англија но, алудираше на Манчестер Јунајтед иако неговите агенти преговараат со двата клуба од Островот. 29-годишниот играч од средниот ред му се приклучи на Јувентус во летото во 2019 година како слободен агент. Неговата трансферна вредност е околу 35 до 40 милиони евра.