Манчестер Јунајтед последното коло во Премиерлигата, беше катастрофално поразен на домашен терен од Тотенхем, 0:3.
Дали поради резултатот, дали поради исклучувањето на Бруно Фернандеш, навивачите никако не можат да бидат задоволни од покажаното на своите избраници.
На овој натпревар Фернандеш беше исклучен, а два дена подоцна, фудбалската федерација на Англија меѓу редови ја призна грешката на главниот судија на тој натпревар.
Јунајтед како клуб веднаш по натпреварот упати жалба до Фудбалската асоцијација на Англија за разгледување на случајот, а само два дена подоцна тоа беше вратено со афирмативен став од федерацијата, односно дека ја признаваат грешката на главниот судија и го поништуваат картонот на Фернандеш.
Тој ќе требаше да паузира три натпревари доколку не ја уважеа во федерацијата жалбата на Јунајтед, вака веќе на следниот натпревар ќе го имаат на располагање, за мечевите против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем.