ПСЖ во јануари со понуда за Осимен

Пари Сен Жермен во јануари ќе испрати понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Оксимен. Францускиот тим дури контактирал со претставниците на играчот за да започнат првични разговори на оваа тема, пренесува RMC Sport.

Интересот на парижаните за овој фудбалер не е отсега. Го посакуваа и летото, кога дури важеа за главен фаворит за неговиот потпис, но договор не беше постигнат откако Французите одбија да ги платат 100-те милиони евра што ги бараше Наполи. После ова играчот влезе во конфликт со раководството на клубот и беше испратен на позајмица во Галатасарај.

Сепак, сега ПСЖ планира да направи нов обид да го земе Нигериецот во своите редови. Тоа ќе се случи доколку клубот се раздели со Рандал Коло Муани, кој има интерес од Манчестер Јунајтед и би можел да се упати на Олд Трафорд.

Сепак, евентуалниот договор за Осимен нема да биде лесно остварлив. ПСЖ ќе треба да подготви доволно атрактивна понуда за да ги убеди и Наполи и Галатасарај да ја раскинат позајмицата на играчот.

Инаку, 26-годишниот напаѓач прави бум, од почетокот на сезоната во Турција има 10 гола и 5 асистенции на 14 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО