ПСЖ сака да преговара со Баерн за трансфер на Кимих

Францускиот ПСЖ има намера да преговара со Баерн Минхен за трансфер на 29-годишниот играч од средниот ред на клубот и Германија, Џошуа Кимих.

Според француските медиуми, германскиот фудбалер не сака да го напушти сегашниот тим летово и повеќе би сакал да почека да му истече договорот во 2025 година. Но Баерн сака да го продаде пред крајот на преодниот рок за да заработи на трансферот.

Сево ова малку е комплицирано поради желбата на Кимих кариерата да ја продолжи во Шпанија или во Англија, место во Франција.

Минатата сезона Кимих настапи на 46 натпревари во сите конкуренции, на кои постигна два гола и имаше 11 асистенции. Според порталот Трансфермаркт, неговата пазарна вредност е 50 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО