Раководството на актуелниот европски првак ПСЖ сака да потпише доживотен договор со тренерот Луис Енрике, објави шпанскиот весник „АС“.
Шпанскиот стратег го презеде парискиот клуб во летото 2023 година и има договор до 30 јуни 2027 година.
Под водство на 55-годишниот Енрике, францускиот клуб освои шест трофеи во 2025 година, вклучувајќи ги Лигата на шампиони, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп на ФИФА.
По 16 натпревари оваа сезона во француската лига, ПСЖ е второпласиран на табелата со 36 бодови.
ФОТО: Архива
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: