ПСЖ продолжува со перфекцијата во Лига 1!

Три меча, три убедливи победи, максимални 9 бода и гол разлика 13:2, секако и прво место на табелата по 3.коло во Лига 1.

Ете тоа е билансот на ПСЖ, тимот која ова лето остана без Килијан Мбапе, но и без него “светците“ од Париз едноставно газат.

Вечерва на гостувањето кај Лил, четата на Луис Енрике победија со 1:3 и одигра навистина одлично.

Витиња и Баркола во 33. и 36.минута стрелаа за 0:2 за гостите од Париз. Шансите се редеа, домашните се обидуваа да дојдат барем до еден гол, но се им беше бадијала.

И во финишот работите се “вжештија“. Прво Жегрова во 78.минута намали на 1:2, за да неколку минути подоцна ВАР им поништи гол на домашните за 2:2.

За крај Коло Муани во 90+2 ги постави конечните 1:3.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО