ПСЖ и Бенфика се договорија за португалски играч за врска

Пари Сен Жермен и Бенфика се договориле за трансферот на Жоао Невеш, а францускиот шампион ќе плати 70 милиони со бонуси за португалскиот интернационалец, пренесува весникот „Л’Екип“. Дел од зделката ќе биде и Ренато Санчез, кој се враќа во Португалија и следната сезона ќе игра во Бенфика на позајмица.

ПСЖ го одложи трансферот, но успеа да го финализира. Невеш во наредните денови треба и официјално да потпише петгодишен договор со клубот од Париз.

19-годишниот Жоао Невеш е дефанзивен играч за врска и е меѓу најинтересните играчи на светскиот пазар.

Невеш е репрезентативец на Португалија, кој беше вклучен во составот за Евро 2024. И покрај неговата возраст, тој има 50 настапи за Бенфика со постигнати 4 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО