Првиот човек на Партизан ги посочи целите кои ги имаат сезонава

Првиот човек на Партизан, Остоја Мијајловиќ, потврди дека голем дел од долговите кои ги имаше овој кошаркарски клуб, се „санирани“ и дека Партизан треба да има добра сезона во Евролигата.

Тимот на Жељко Обрадовиќ претрпе сериозни кадровски проветрувања, беше заменет скоро цел тим и тоа треба допрва да се воигра за тимот да ја докаже својата вистинска вредност на теренот.

Според првиот човек на клубот, целите за новата сезона се четвртфинале во Евролигата и титула во АБА лигата.

– Најважните натпреварувачки амбиции сезонава кон кои се стремиме, ќе бидат четвртфинале во Евролигата и освојување на титулата во регионалното првенство. Финансиската ситуација е конечно стабилна во клубот, долговите се санирани. Сите долгови кои ги затекнавме од 2017 година кон играчи и управа, се покриени, за што ќе зборуваме нешто повеќе, наскоро, порача Остоја Мијајловиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО