Спринтерката Џулиен Алфред (23) од Света Луција, малиот остров на Карибите, е олимписката победничка на 100 метри на Игрите во Париз. Алфред одлично почна, направи големо водство пред конкурентките и ја мина целта со нов национален рекорд од 10,72 секунди.
Алфред која живее и тренира во Остин, Тексас, САД, го освои првиот олимписки медал во историјата за својата земја со само 180.000 жители, и тоа златен, во најбрзата атлетска дисциплина.
Најголемата фаворитка за златото, светската шампионка, Американката Шакари Ричардсон (24), која има најдобро време сезонава, го освои среброто со заостанување од 15 стотинки зад Алфред, додека другата Американка, Мелиса Џеферсон ја освои бронзата, со време од 10,92 секунди.
Спринерската икона, Шели-Ен Фрејзер-Прајс (37) од Јамајка, петкратната светска и двократна олимписка шампионка на 100 метри, се квалификуваше, но не настапи во синоќешното финале.