Просинечки кандидат за селектор на Гана

Поранешниот хрватски фудбалер и тренер, Роберт Просинечки се пријавил за испразнетото место селектор на фудбалската репрезентација на Гана.

Според „Гана Сокернет “, поранешниот тренер на Црвена звезда во наредните денови ќе ги започне преговорите со челниците на таа земја.

Во Гана не се задоволни од настапот на годинашниот Куп на Африка што се одржува во Брегот на Слоновата Коска каде што беа елиминирани уште во групната фаза. Цехот го плати селекторот, Британецот Крис Хјутон кој доби отказ.

Против кандидати на Просинечки ќе му бидат Германците, Феликс Магат и Јирген Колер.

Просинечки досега ги водеше Црвена звезда, Кајзери (двапати), репрезентацијата на Азербејџан, репрезентацијата на БјХ, Денизли, Олимпија Љубљана и Рудеш.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО