Кошаркарите на ЛА Клиперс никако да „фатат“ ритам во новата сезона, ноќеска загубија уште еден натпревар. Поуспешни од нив беа кошаркарите на Орландо со 129:101.
Ова е вкупно 11-ти пораз на 15-те дуели, или деветти на последните 10 натпревари. Од самиот почеток Орландо имаше контрола над играта и резултатот и на полувреме водеше со 61:49. Во вториот дел предноста се зголемуваше. Најефикасен кај победникот беше Џејлен Сагс со 23 поени, додека на натпреварот Џејмс Харден со 31 поен.
На другите дуели одиграни ноќеска во НБА лигата: Мемфис – Сакраменто 137:96, Милвоки – Филадефија 114:123 и Сан Антонио – Атланта 135:126.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: