Продолжува борбата и надвор од патеката. Норис го обвинува Верстапен за нефер и „очајничко“ возење?

Џорџ Рaсел е изненадувачкиот победник на трката за Големата награда (ГН) на Австрија. На седум круга до крајот, возачот на Мерцедес го искористи судирот меѓу Макс Верстапен и Ландо Норис, кои се бореа за првото место, и ја забелажа втората победа во кариерата, прва сезонава за него и за неговиот тим.

Се’ кулминираше во 64. од 71 круг, кога имаше контакт меѓу болидите на Верстапен и на Норис. Двајцата мораа да влезат во бокс, а возачот на Мекларен не можеше да ја продолжи трката.

Верстапен на крајот беше прогласен за виновен за судирот и доби казна од 10 секунди, што не влијаеше на неговиот пласман. По инцидентот Верстапен најави дека ќе седне лично да разговара во возачот на Мекларен, Норис.

– Некои од маневрите на Норис беа задоцнети. Ќе разговараме за ова, но не сега, не е време, рече Верстапен, возачот на Ред Бул.

Норис пак го обвини Верстапен, кој е негов пријател, но сега најголем ривал, за нефер возење кое било „малку невнимателно“ и „помалку очајно“, откако битката за победа заврши со судир.

– Очекувам голема битка со Макс. Очекувам голема агресија, но на границата на дозволеното. Го почитувам Макс многу, но има моменти кога оди малку предалеку, рече Норис.

Тој повеќепати се пожали дека Верстапен ја менува линијата во зоната на сопирање или „се движи под сопирање“, како што е познато во Ф1 круговите.

– Трипати направи работи што лесно можеа да предизвикаат инцидент. На некој начин беше повеќе од невнимателен, ми изгледаше малку очајно. А, не треба да биде таков, има многу победи. Очекувам фер возење, со многу почит и чувствувам дека тоа не го добив, истакна Норис.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО