Проблем за Црвене звезда – Риверо во аут до Нова година

Центарот на Црвена звезда, Хасиел Риверо, ќе биде надвор од терените околу три месеци, неофицијално дознава српскиот „Спорт Клуб“.

Во средината на втората четвртина од натпреварот со Армани Милано, на отворањето на сезоната во Евролигата, Риверо доживеа сериозна повреда на стапалото, што е нов голем удар за црвено-белите.

Прегледите што биле извршени покажаа дека кубанскиот кошаркар ја скршил метатарзалната коска и, во најдобар случај, ќе биде подготвен на крајот од годината.

Повредата на Риверо е само најновата во низата проблеми за тимот на Јанис Сферопулос.

Шансите Ајзеа Кенан да се врати на теренот оваа сезона се минимални, бидејќи го оштети предниот вкрстен лигамент на коленото и ќе патува во САД на операција во наредните денови.

Што се однесува до другите повредени играчи во црвено-белите редови, а ги има многу, во најдобра ситуација е Огњен Добриќ, кој ќе мора да паузира уште десет дена. Капитенот на Звезда го повреди грбот на дуелот со Финска во осминафиналето на Евробаскетот.

Девонте Греам ќе биде надвор од терените уште три до четири недели поради повреда на глуждот, па ќе мора да носи „чизма“ некое време. Урош Плавшиќ го извитка зглобот и ќе отсуствува уште еден месец.

Црвена звезда ќе го игра својот следен натпревар во четврток во 20:30 часот против Баерн во Минхен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО