Проблем за Реал, се повреди и Себалјос

Дани Себалјос, синоќа по подолго време се најде во стартиот состав на Реал. „Кралскиот клуб“ со 2:0 го победи поранешниот клуб на Себалјос, Бетис. Играчот од редот за врска нема по добро да го памети натпреварот, се здоби со повреда и подолго време ќе биде отсутен од тимот.

„По извршените тестови денеска од страна на лекарската служба на Реал Мадрид на нашиот играч Дани Себалјос, му беше дијагностицирана истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб“, соопшти клубот.

Според прогнозите фудбалерот ќе биде отсутен меѓу шест и осум недели.

Повредата на Себаљос дополнително ја влоши ситуацијата во Реал, бидејќи сега има само четворица здрави играчи во редот за врска: Чуамени, Валверде, Арда Гулер и Лука Модриќ. Од претходно поради повреди не играат Џуд Белингем и Едуардо Камавинга.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО