Проблем за Милевски: Му откажаа двајца пред почетокот на Лигата на нации

Пред почетокот на новата сезона од Лигата на нации, селекторот на Македонија има одредени проблеми во офанзивата.

Во последен момент за натпреварот против Фарски острови, му отпаднаа двајца фудбалери од нападот, тоа се Милан Ристовски и Александар Трајковски. Тие двајца се пожалиле на одредени повреди од клубовите, по што нема да можат да му бидат на располагање на Милевски.

Голема е веројатноста дека Милан Ристовски, а и Александар Трајковски ќе бидат под знак прашалник и за второто коло од Лигата на нации, за мечот против Ерменија, така да Милевски ќе мора да крпи и да прави нови потези.

Натпреварот против Фарски острови ќе се игра во Торшавн во сабота од 15 часот, а допрва македонската јавност ќе биде известена околу тоа кои нови имиња ќе се најдат во репрезентативниот табор за вториот натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО