Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Глеисон Бремер, ќе мора одреден период да отсуствува во терените.
Бразилскиот дефанзивец го пропушти натпреварот против Милан пред седум дена, поради болки во левото колено.
Клубот објави дека поради менискусот на левото колено, Бремер ќе мора да биде опериран.
Ова е нов удар за Бремер кој штотуку се врати од сериозна повреда и пауза од десет месеци.
Јувентус не го објави точниот датум на неговото враќање, ниту навестување кога би можело да биде, но според некои првични индикации, неговото враќање се очекува во ноември.
Тој ќе ги пропушти натпреварите против Комо, Наполи, но и натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.