(ФОТО) Признание за Србинот: Предраг Стојаковиќ во „Куќата на славните“ на ФИБА

Еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Предраг Стојаковиќ, влегува во „Куќата на славните“ на ФИБА, како член на класата 2024 година.

Стојаковиќ (47) важи за еден од најдобрите шутери досега. Светската слава ја стекна носејќи го дресот на југословенската репрезентација и играјќи во НБА лигата.


Тој играше за Сакраменто кингс од 1998 до 2006 година и во тој период три пати беше учесник на Ол-стар натпреварот и двапати победи во натпреварот во шутирање тројки. Во последната година од НБА кариерата, во 2011-та го освои шампионскиот прстен со Далас маверикс

Првите кошаркарски чекори ги направи во Црвена ѕвезда, а играше и за ПАОК, Индијана пејсерс, Њу Орлеанс хорнетс и за Торонто репторс.

Со репрезентацијата на Југославија беше светски првак во 2002 година, а освои и злато и бронза на Европските првенства (ЕП).

„Класата 2024“ ги вклучува и Мијао Лиџи (Кина), Реџи Милер (САД), Данира Накиќ-Билиќ (Хрватска), Ромеин Сато (Централноафриканска република), Скаидрите Смилџина-Будовска (Летонија), Кирк Самуел (Нов Зеланд) и Даниел Питерсон (САД).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО