Приведен заради искачување на Ајфеловата кула на последниот ден од ОИ!

Денеска бил уапсен еден човек поради искачување на Ајфеловата кула, неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри (ОИ), изјавила париската полиција за „Би-би-си“.

Мажот бил забележан како се качува на кулата околу 14.45 часот по локално време по што полицајците веднаш интервенирале и го уапсиле, соопшти полицијата, без да соопшти повеќе детали за мотивацијата и за неговата националност.

Бил забележан човек без кошула како се качува по кулата веднаш над олимписките прстени што ја красеа за време на Игрите.

Асошијетед прес (АП) објави дека француската полиција ја евакуирала областа околу Ајфеловата кула за време на инцидентот, додека „Си-ен-ен“ исто така јави дека кулата е евакуирана, повикувајќи се на извори од полицијата.

Ајфеловата кула беше централниот дел на големото финале на церемонијата на отворањето на ОИ, но не се очекува да биде дел од вечерашната церемонија на затворањето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО