Љубителите на англискиот фудбал и Премиер лигата оваа година ќе без фудбалското задоволство на „Боксинг деј“ (ден по католички Божик) бидејќи на 26.декември се игра само еден натпревар што не се случило со децении наназад.
Овој ден има долга традиција во англискиот фудбал и посебен идентитет. Последен пат кога „Боксинг деј“ се падна во петок на 26.декември 2014 година беа одиграни сите десет натпревари. ФА внимаваа и најчесто играа натпревари екипи од ист град или со куси дестинации за патувања.
Главната причина за годинашнава ситуација се поголемиот број натпревари во натпреварувањата на УЕФА и промените во календарот на ФА купот (има еден викенд повеќе). Проблем е и договорот со ТВ правата каде најмалку 33 кола треба да се играат во викендите.
Единствениот натпревар од 18.коло што ќе се игра вечерва е дуелот Манчестер Јунајтед – Њукасл.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: