Репрезентацијата на Шпанија стана европски првак откако во финалето во Берлин ја совлада Англија со 2:1.
Ова е четврта европска шампионска титула за Шпанците, прва по 2012 година, а за овој потфат заработија значителна сума пари, вкупно 28,25 милиони евра според податоците на УЕФА.
Пласманот на завршниот турнир носи зарабтка од 9,25 милиони евра. За победа во групната фаза се добиваат три милиони евра, односно нови девет милиони, плус 1,5 милион евра за пласман во осминафиналето.
Играњето во четвртфиналето им донесе нови 2,5 милиони евра, во полуфиналето четири милиони евра, а победата во финалето осум милиони евра.