Барса наскоро ќе го објави назначувањето на Флик!

Поранешниот тренер на Баерн и селектор германската репрезентација, Ханс Дитер Флик најверојатно ќе ја предводи шпанска Барселона. Каталонскиот клуб планира ова да го објави во четврток, на 30 мај, според објавата на новинарот, Хавиер Валс на социјалната мрежа Х.

Според изворот, преговорите меѓу спортскиот директор Деко и германскиот стручњак биле успешни. Германецот се согласил да го води тимот, без разлика на финансиските тешкотии на Каталонците.

Исто така, се навдува дека актуелниот тренер Чави веќе дознал за одлуката на раководството за назначувањето на Флик. Медиумите пренесуваат дека следната недела челниците на каталонскиот клуб ќе одржат состанок со Чави, на кој ќе ги анализираат резултатите од неговата работа сезонава и одлуката за прекин на соработката.

Барселона на коло пред крајот на сезоната го обезбеди второто место на табелата во шпанската Ла лига во која во последното коло се среќава со Севилја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО