(ФОТО) Познато е како изгледаат часовниците што им ги подарил Јокиќ на соиграчите

Пред неколку дена се појави информација дека Никола Јокиќ на сите соиграчи од кошаркарската репрезентација на Србија им подарил часовник Ролекс, од моделот „Космограф Дејтона“ што чини 32.500 долари. Никола купил 11 вакви часовници, за кои издвоил 357.500 долари

Првиот модел на овој часовник е направен во 1963 година, а е изработен од нерѓосувачки челик, злато и платина, поради што и не е чудно што цената е толку висока.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија фотографии од изгледот на часовникот што Јокиќ им го подари на соиграчите, со посебна порака за секој од нив.

На задната страна на часовникот стои грбот на Олимпискиот комитет (ОК) на Србија со натпис „Париз 2024“. Потоа е напишано презимето на секој од соиграчите, како и пораката на Никола за нив. „Јокара за соиграчите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО