Познати уште три тима за новиот формат во ЛШ, испаднаа турскиот и украинскиот гигант

Фудбалерите на чешка Спарта Прага, Салцбург од Австрија и Јанг Бојс од Швајцарија ќе играат во новиот формат на Лигата на шампиони (ЛШ). Тие забележаа позитивни резултати на реванш натпреварите против шведскиот Малме, Динамо од Киев и турскиот Галатасарај.

Спарта пред своите гледачи повторно го победи Малме со 2:0 и со вкупни 4:0 си  избори пласман во ЛШ. И Салцбург пред своите навивачи го одбрани водството од 2:0 од првиот меч против Динамо Киев. Австријците се пласираа во ЛШ со вкупни 3:1..

Фудбалерите на Галатасарај се надеваа дека ќе ја надополнат негативата од гол од Берн пред своите фанатични навивачи во Истанбул. Сепак, тоа не се случи.

Кога презедоа поголем ризик на крајот од натпреварот, при 0:0, домашните беа казнети при еден контранапад во 87. минута, за 1:0 и за пласман на Јанг Бојс во ЛШ.

Денеска се играат  уште четири реванш натпревари од плеј-офот, а први во акција од 18.45 часот ќе бидат фудбалерите на хрватскиот шампион, Динамо Загреб кои на гости кај Карабаг, бранат водство од 3:0 од „Максимир“.

Од 21 часот, Слован гостува кај данскиот Митјиланд (прв натпревар 1-1), норвешкиот Бодо/Глимт ќе гостува во Белград, на Црвена ѕвезда и ќе ја брани предноста од 2:1 од првиот меч. Францускиот Лил има предност од два гола на гостувањето против прашка Славија.

ЛШ, плеј-оф – реванш натпревари

Вторник, 27.8.

Салцбург – Динамо Киев 1:1 (Дагим 12/Ванат 29)

(вкупно 3:1 за Салцбург)

Спарта Прага – Малме 2-0 (Хараслин 80-11м, Рахмани 83)

(вкупно 4:0 за Спарта)

Галатасарај – Јанг бојс 0:1 (Вирџиниус 88)

(вкупни 4:2 за Јанг бојс)

Среда, 28.8.

Карабаг – Динамо Загреб (18.45 ч.)

(прв натпревар 3:0 за Динамо)

Слован Братислава – Митјиланд (21 ч.)

(прв натпревар 1:1)

Црвена звезда – Бодо/Глимт (21 ч.)

(прв натпревар 2:1 за Бодо/Глимт)

Славија Прага – Лил (21 ч.)

(прв натпревар 2:0 за Лил)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО