Познати се термините на натпреварите од финалниот турнир во женска конкуренција од Купот

Познати се термините за одигрување на натпреварите од финалниот турнир во женска конкуренција од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Натпреварите ќе се играат на 21 и 22 февруари, во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица

На првиот натпреварувачки ден, 21 февруари (сабота), ќе се одиграат полуфиналните натпревари.

Програмата стартува од 15 часот, со натпреварот во кој се среќаваат екипите на МЗТ Бела вода и домаќинот на турнирот – екипата на Баскет кам 2011.

Од 17:30 часот, следува вториот полуфинален натпревар во кој ќе играат екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.

На 22 февруари (недела), ќе се игра финалниот натпревар. со почеток од 18 часот.

Фото: КФСМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО