Познати групите за годинaшнотo 52. издание на турнирот во Струга

Организаторот на традиционалниот Струшки ракометен турнир денеска ги објави групите за претстојното 52. издание на овој реномиран турнир, што ќе се одржи од 14 до 17 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Во групата А ќе се најдат двете македонски екипи, Вардар и Тиквеш, а друштво ќе им прави шведската Ескилстуна Гуиф.

Во групата Б се актуелниот македонски првак, Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга и грчкиот тим ПАОК од Солун. Распоредот на натпреварите и термините организаторот дополнително ќе ги објави. Бранител на трофејот од лани е Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО