Екипите на Баскет кам, Бадел 1862, Крива Паланка и МЗТ Бела вода ќе играат во завршницата на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Најнеизвесно беше во дуелот меѓу ланскиот победник Вардар и МЗТ Бела Вода, во кој кошаркарките на тренерот Горан Крстевски направија изненадува и го елиминираа освојувачот на ланскиот Куп. Гостинската екипа имаше водство во најголемиот дел од натпреварот пред сè благодарение на одличниот почеток. Кошаркарките на МЗТ Бела вода триумфираа со 77:69.
На другите два дуела убедливи победи и полуфинале изборија екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка, кои ги совладаа Пробаскет односно Патриот 2016
Ден порано, екипата на Баскет кам убедливо го совлада Спорт тим (87:47).
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Баскет кам – Спорт тим 69:31
Бадел 1862 – Пробаскет 93:62
Крива Паланка – Патриот 2016 100:50
Вардар – МЗТ Бела вода 69:77
Во полуфиналето на завршниот турнир ќе играат: Крива Паланка – Бадел 1862 и Баскет кам – МЗТ Бела вода.
Фото: МКФ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: