Италијанскиот тенисер Јаник Синер, во Пекинг прими лоша вест од семејството, дека неговата тетка починала.
Станува збор за 56 годишната Меги Раухегер, родена сестра на неговата мајка, која починала по последиците од ракот кој го имаше неколку години.
Моментално првиот тенисер во светот, титулата на САД Опен и ја посвети токму нејзе.
– Би сакал да и ја посветам оваа титула на мојата тетка, затоа што лошо се чувствува здравствено, не знам уште колку има од животот, но оваа титула е во нејзина чест, порача Синер по победата над Тејлор Фриц во финалето.
Ваквата изјава беше дадена пред смртта на неговата тетка.