Португалија денес ја совлада Ерменија со убедливи 9:1 во последниот натпревар од групната фаза од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра на „Естадио до Драгао“ во Порто.
Жоао Невес и Бруно Фернандеш постигнаа по три гола за домаќините, Ренато Веига, Гонсало Рамос и Франциско Консеисао имаа по една реализација.
Единствениот погодок за Ерменците беше дело на Едуард Спертсјан.
Португалија освои 13 бода и избори директен пласман на Светското првенство 2026 од првото место во Групата Ф.
На другиот натпревар од групата Ф, Република Ирска ја совлада Унгарија со 3:2. Ирците завршија на второто место во својата група и ќе играат во плејофот за место на Светското првенство.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: