Порто најде нов тренер во своите редови

Витор Бруно ќе биде првиот тренер на Порто во следните две сезони.

Тоа ќе биде негова прва самостојна работа во кариерата, бидејќи досега ги извршуваше функциите на асистент во стручниот штаб.

Тој до неодамна беше прв асистент на Сержо Консеисао, кој по седум години си замина од Порто поради несогласувања со новоизбраниот претседател на клубот Андре Вилаш-Боаш.

Порто во неодамна завршената сезона беше многу далеку од шампионската трка, на крајот се тешеше со освојувањето на домашниот Куп, па новиот стратег има тешка и напорна задача.

Да потсетиме, Спортинг од Лисабон стана шампион на Португалија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО