Поразот на Алкараз од Новак Ѓоковиќ – сепак „не е пораз“

По повод поразот на Карлос Алкараз во финалето на Олимписките игри, свој коментар даде и некогашниот тренер на Надал, Тони Надал.

Тој смета дека Алкараз постигнал многу со сребрениот медал и дека неговото страдање, односно солзите на крајот од мечот, укажуваат на тоа дека тој веќе заслужува максимална поддршка од цела шпанска јавност.

– Вистина е дека Алкараз бешењ главен фаворит, но играше против најдобрата верзија на Новак Ѓоковиќ, тој не потсети на најдобрите негови денови. Снимките на кои ги гледавме солзите на Карлос Алкараз на теренот, се јасен знак за страдање и фрустрации, сето тоа остави горчлив вкус кај сите нас, но тоа не смее да не прелаже дека тој заработи пораз.

Го загуби мечот кој можеше да се пресели и на негова страна и корист. Неговото сребро против најдобриот во историјата апсолутно го заслужува нашето восхитување кон него, порача Тони Надал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО