Пораз на македонските јуниори од Романија во пет сета на одбојкарската Балканијада

Во неизвесен натпревар во пет сетови со многу пресврти, машката репрезентација на Македонија до 19 години загуби синоќа со 2:3 (25:19, 25:27, 30:28, 20:25, 12:15) од Романија, во второто коло на Балканското првенство во Бања Лука.

И покрај поразот макеоднските јуниори се во игра за пласман во полуфиналето, а тоа ќе зависи од исходот на денешната пресметка против Турција.

Почетокот на овој дуел, кој е во рамки на завршното трето коло во групата А, е закажан за во 15:30 часот.

Во воведното коло, Македонија го совлада домаќинот Босна и Херцеговина со 3-1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО