Градоначалникот на Ротердам вчера соопшти дека одлучил да го одложи неделното дерби во холандската лига меѓу Феенорд и Ајакс поради штрајк на полицијата!
„Безбедноста на играчите, како и на јавноста, не може да биде доволно загарантирана без вклучување на полицијата“, рече градоначалникот, Ахмед Абуталеб во изјавата испратена до АФП.
Новиот датум за одигрување на натпреварот дополнителмо ќе биде утврден.