Пол-позицијата во Монца за Норис, Пјастри втор, Расел трет

Возачите на мекларен издоминираа во квалификациите во пресрет на трката за големата награда на Италија. Пол-позицијата, петти пат во кариерата ја освои Ландо Норис, втор заврши неговиот колега Оскар Пајстри, а трет беше Џорџ Расел од Мерцедес.

Ландо Норис и Оскар Пајстри на легендарната Монца потврдија дека во моментов Мекларен ги има најбрзите болиди на гридот. Поискусниот Норис, кој победи минатата недела во Холандија, заврши пред Пјастри.

Трет ќе стартува Расел, кој покажа дека Мерцедес има на што да се надева на утрешната трка. Расел имаше послабо време од Пјастри за само четири илјадити делови од секундата.

Зад најбрзите тројца се пласираа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саниц, односно Луис Хамилтон од Мерцедес.

Треба да се потнцира дека разликата меѓу првиот Норис и шесттиот Хамилтон беше само 186 илјадити делови од секундата.

Разочарувачки квалификации имаа пилотите на Ред Бул. Актуелниот шампион Макс Ферстапен заврши седми, а Серхио Перез осми.

Трката за Големата награда на Италија утре ќе започне во 15 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО