Пол Џорџ го известил раководството на ЛА Клиперс дека нема намера да остане во клубот и следната сезона и побарал трејд. Според ЕСПН, 34-годишниот кошаркар, кој беше една од главните ѕвезди во НБА лигата во последните неколку сезони, заминува во Филаделфија сиксерс.
Џорџ ќе потпише максимален договор со Филаделфија 76, кои на тој начин го споија со Џоел Ембид и со Тајрис Макси со намера да се борат за титулата. Џорџ има право да потпише четиригодишен договор вреден 212 милиони долари.
Во исчекување на Џорџ, Сиксерси доведоа уште двајца играчи: центарот Андре Драмонд од Чикаго (две години, 10 милиони), кој ќе биде квалитетна замена за Џоел Ембид и ветеранот Ерик Гордон (една година, 3,3 милиони).
Клиперс го продолжија договорот со Џејмс Харден (две години, 70 милиони), а Расел Вестбрук ја активираше опцијата од четири милиони долари за следната сезона. Но клубот има намера да го трампа, исто како и ПЏ Такер, кој ја активираше опцијата од 11,5 милиони.