Селекторот на фудбалската репрезентација на САД Марусио Покетино изјави дека неговите играчи можат да постигнат резултат, во кој никој не верува – да станат светски прваци.
„Зошто не ние? Мораме да веруваме дека можеме тоа да го оствариме. Мораме да сонуваме. Мораме да испратиме добра енергија и позитивни емоции до луѓето и тие да веруваат и да не поддржат, изјави Покетино на прес-конференција.
Тој пораката јавно ја објави на собирот на играчите во рамки на подготовките.
САД се наоѓаат во групата Д, а противници им се репрезентациите на Парагвај, Австралија и репрезентација од европскиот бараж.
Светското првенство ќе се одржи од 11.јуни до 19.јули.
Фото: миа