Почна НБА плеј-офот: Гостите без победа на првите мечеви

Првите натпревари од плеј-офот во НБА лигата минаа без „брејкови“, односно беа победа на гостинските тимови.

Најдобриот тим на Истокот, Бостон селтикс ја почна кампањата со победата над Мајами хит од 114:94. Џејсон Тејтум кој забележа трипл-даб (23 поени, 10 скока и 10 асистенции) беше еден од шесте играчи на Бостон кои постигнаа двоцифрен број поени.

Хит влегоа во плеј-офот како број осум откако ги победија Чикаго булс во плеј-инот. Но, без повредениот Џими Батлер, не можеа да му се спротивстават на Селтикс.

Милвоки бакс и покрај тоа што играше без Јанис Антетокунмпо, ја победи Индијана пејсерс со 109:94. Најдобар во  победничката екипа беше Демиен Лилард, кој постигна дури 35 поени во првото полувреме, а во второто не даде ниту еден кош! Но одбраната на Бакс успеа го задржа ефикасниот напад на Пејсерс под 100 поени, само по втор пат сезонава.

Доцна синоќа и ЛА Клиперс победија дома во дуелот со Далас маверикс, 109:97. Клиперс и без Кави Ленард доминираше против Далас, а најзабележителен беше Џејмс Харден со 28 поени.

Хрватот Ивица Зубац мечот го заврши со 20 поени (10/17 шут) што е негов личен рекорд во кариерата по бројот на постигнати поени во плеј-офот, а имаше и 15 скока, најмногу на натпреварот.

Кај гостите, Лука Дончиќ постигна 33 поени, плус 13 скока и шест асистенции, а Кајри Ирвинг 31 поен, но тоа не помогна нивната екипа да избегне пораз.

Оклахома Сити тандер славеше против Њу Орлеанс пеликанс со 94:92, во првиот домашен плеј-оф меч по пет години. Шај Гилџиус-Александер кој мечот го заврши со 28 поени, го даде клучниот кош на мечот за победата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО