Почина Уругваецот што колабираше на терен минатата недела

Дефанзивецот на уругвајската репрезентација, Хуан Изкиердо (27) почина во болница откако колабираше на теренот минатата недела за време на натпреварот од Копа Либертадорес, Сао Паоло – Национал во Бразил.

Изкиердо колабирал во 84. минута, а откако лекарите му укажале прва помош на теренот, итно бил префрлен во локалната болница. Таму бил задржан до вчера. На почетокот се чинело дека ќе се извлече, но состојбата му се влошила и тој починал.

За време на натпреварот тој доживеал срцева аритмија, поради што не му стигнувало доволно кислород во мозокот. Состојбата се влошила и лекарите не можеле да ја спречат смртта, пишува ЕСПН.

Изкиердо играше за пет уругвајски клубови, за Серо, Пењарол, Вандерерс, Ливерпул и Национал. Играше и за мексиканскиот Сан Луис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО