Почина легендата на Манчестер јунајтед, Денис Ло

Легендарниот шкотски фудбалер Денис Ло, најпознат по десетгодишниот период во Манчестер јунајтед, почина во петокот на 84-годишна возраст. Веста ја соопшти неговото семејство, а по фантастичниот напаѓач тагуваат во Манчестер, Велика Британија и светот.

Ло ја започна својата кариера во Хадерсфилд, а помина една сезона во Манчестер сити и Торино, пред да го облече дресот на Манчестер јунајтед. За Јунајтед играше во периодот од 1962 до 1973 година, а пред да замине во пензија уште една сезона играше во Сити.

Секој негов трансфер, освен последниот, уриваше британски рекорди во однос на обештетувањето.

Тој играше 55 пати за Шкотска и постигна 30 гола.

Со Јунајтед освои две првенствени титули (1965 и 1967 година), еден ФА Куп и два Суперкупа, како и првата титула европски првак во 1968 година, иако целата сезона ја одигра повреден. и го пропушти финалето.

За Јунајтед одигра 404 натпревари и постигна 237 гола и е единствениот играч кој има две статуи пред „Олд Трафорд“. Ло е трет стрелец во историјата на славниот клуб.

Меѓу бројните индивидуални награди се издвојува Златната топка во 1964 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО