Полскиот голман Војчех Шчесни дефинитивно заминува од Јувентус, откако се договорија за прекин на договорот.
Нивната соработка траеше седум години, или од 2017 година, каде полскиот голман забележа 252 настапи, примајки 233 голови.
Меѓутоа, неколку дена пред почеток на сезоната, дојде до разделба, за што претходно известуваа медиумите и новинарот Фабрицио Романо.
Шчесни имаше уште една година од договорот, но веројатно со новиот тренер Тијаго Мота, проценија дека сега е време за разделба.
Во кариерата тој уште бранеше и за Арсенал (181 натпревар), додека за Рома запиша 81 настап. За репрезентацијата на Полска бранеше на 84 официјални натпревари.
🚨⚫️⚪️ Juventus and Wojciech Szczesny have now reached mutual agreement to terminate the contract with immediate effect.
Paperwork being prepared and checked; if all good, Szczesny leaves Juventus getting an important pay-out fee.
🇵🇱 Szczesny will be available as free agent. pic.twitter.com/f1OGarTu9E
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 13, 2024