По Ледеј и Нанели ќе му биде соиграч на Нено Димитријевиќ?

Џејмс Нанели би можел и следната сезона да му биде соиграч на Зек Ледеј, така барем тврдат медиумите во Италија.

Медиумите од Апенините зборуваат за тоа дека Олимпија Милано се заинтересирани за услугите на американскиот кошаркар, кој се уште е член на Партизан, но веројатно и не за долго бидејки и тој најавил заминување.

Олимпија неодамна потпиша со Зек Ледеј, а постоеле и преговори со Џејмс Нанели. Таму двајцата кошаркари на Партизан ќе бидат соиграч со македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ.

Нанели има 34 години и веќе во кариерата еднаш го носеше дресот на тимот од Милано, во 2019 година. Последните две сезони Американецот ги помина во Партизан, а беше член и на Макаби и Фенербахче.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО